Утрински Весник
Скопје

Радосна вест: Ново бебе гибон во Скопје ЗОО

486838671 1056360779859922 3549141268949267153 N.jpg

Пролетта донесе нова радост во скопската зоолошка градина – семејството на белораките гибони е збогатено со уште едно младенче, соопштија од ЗОО Скопје.

„Софи и Делфина добија братче или сестричка, а нашето ново бебе гибонче постојано е во прегратките на мајката. Фотографијата е направена оддалеку за да не ги ставаме во стресна состојба“, истакнаа од зоолошката.


Според нив, напредокот на новороденчето е под постојан надзор на зоонегувателите. Белоракиот гибон е екстремно загрозен вид со потекло од Индонезија. Бременоста кај овие примати трае шест месеци, а обично се раѓа само едно младенче, кое останува врзано со мајката најмалку две години. Потполната зрелост ја достигнува на осумгодишна возраст.

„Во светот се помалку се раѓаат единки од овој вид, а во Скопје ЗОО ова е трето бебе во последните шест години“, додаваат од зоолошката градина.

Можете да прочитате

Водовод: Скопската вода безбедна за употреба

Задутре ново прскање против ларви од комарци во Скопје

Соседска дружба за пример: Цртан филм и маскота ги собраа семејствата во Џевахир во Аеродром