Бугарскиот претседател Румен Радов се закани дека ќе ги активира сите европски механизми со цел, како што вели, ставање крај на антибугарската омраза и хистерија во Северна Македонија.
Радев го изјави ова коментирајќи го предлогот на неговиот македонски колега Стив Пендаровски, властите да забранат влез на голем број бугарски државјани во Северна Македонија, вклучително и европратеник.
„Сега разбирате зошто толку се борев правата на македонските Бугари да бидат заштитени во Уставот на Македонија и тоа да биде задолжителен услов за почеток на преговори. Значи, Македонија не ги ни започна преговорите.Таа се уште не ја отворила вратата од просторијата каде што се водат овие преговори“, рече бугарскиот претседател.
Радев, вели, очекувал дека институциите во Северна Македонија ќе докажат дека не само што не биле дел од антибугарската кампања, туку и дека активно се борат против неа.
По седницата на Советот за безбедност, Пендаровски препорача на одредени граѓани на Бугарија да им се забрани влез во Северна Македонија. Пендаровски рече дека сите анализи на надлежните безбедносни служби покажале дека 4 февруари ќе биде настан со висок безбедносен ризик бидејќи организирани структури во Бугарија се мобилизирани да го поддржат организираното доаѓање во Скопје на повеќе лица кои водат антидржавни кампањи кон Македонија.