Утрински Весник
Македонија

Работен ручек со амбасадорите на земјите – членки на Европската Унија

Foto 5.jpg

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчера имаше работен ручек со амбасадорите на земјите – членки на Европската Унија во земјава, организиран од унгарскиот амбасадор, Андраш Клајн.

Во пријателска атмосфера се дискутираше за актуелни домашни, регионални, европски и светски настани и процеси.


Акцентот беше ставен на македонските проблеми и препреки во евроинтеграцијата и на потребата од креативно решение за надминување на бугарско-македонскиот спор во духот на пријателството и добрососедските односи, со почитување на фундаменталните вредности и принципи на ЕУ.   

Претседателката ја реафирмираше својата длабока верба, посветеност и решеност за спроведување на реформската агенда во согласност со копенхагенските критериуми, со активно партнерство со ЕУ.

Исто така, таа укажа дека билатерализацијата и преседаните се реална опасност за проширувањето.   

Според неа, во амбиент на воени конфликти, проширувањето на ЕУ со државите од Западен Балкан, кои природно и припаѓаат на Европа: географски, историски и културно и водат заедничка надворешна и безбедносна политика со ЕУ е од заеднички интерес и го јакне нивниот имунитет кон заканите. 

Можете да прочитате

ОЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, поранешниот сопруг осомничен за убиство!

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на УНЕСКО: Заштитата на културното и природното наследство на Охрид и Охридскиот регион ги надминува националните граници

Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во Европската Унија мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална