Утрински Весник
Македонија

Ѓраѓаните ќе можат да одат на редовни средби во Уставниот суд

Ustaven Sud.webp.webp

Граѓаните ќе можат да одат на редовни средби во Уставниот суд со претседателот Дарко Костадиновски секој прв четврток во месецот. Уставниот суд ги повика граѓаните по повод 62-годишнината од првата седница одржана на 15 февруари 1964 година.

Прес-службата на Уставниот денеска соопшти дека целта на средбите е да се приближи работењето на овој суд до граѓаните, да се подигне свеста за уставно загарантираните права и да се објасни начинот на правилно поднесување на поднесоци. 

Посочуваат дека средбите претставуваат можност граѓаните одблизу да се запознаат со надлежностите, постапките и значењето на одлуките на Уставниот суд во заштита на правата и слободите. 

За учество, заинтересираните можат да се пријават на електронската адреса gragani@ustavensud.mk, а за дополнителни прашања на располагање е и телефонскиот број +389 2 322 3626, се наведува во соопштението. 

Можете да прочитате

Ивановска открива: И покрај официјални записници за затворање, угостителски објекти во Скопје работеле без прекин

Лабовиќ: Јавното обвинителство е заробено во дисфункционалности

Мицкоски: Продолжување на реформскиот процес со јасни рокови и конкретни резултати