Утрински Весник
Свет

Путин воведе доживотен затвор за предавство

Советник на Зеленски се плаши дека Русите ќе ги опкружат

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ за формално зголемување на максималната казна за предавство на доживотен затвор. Указот е објавен на веб-страницата на Кремљ.  Парламентот, исто така, одобри зголемување на максималната казна за извршување „терористички чин“ – дефиниран како акт што го загрозува животот и има за цел да ја дестабилизира Русија – на 20 години, од сегашните 15 години.

dobivaj vesti na viber

Оние кои ќе бидат прогласени за виновни за саботажа, исто така, би можеле да добијат затворска казна од 20 години, од сегашните 15, додека лицата осудени за „меѓународен тероризам“ би можеле да бидат осудени на доживотен затвор, од сегашниот максимум од 12 години.

Указот не објаснува што  означува „меѓународен тероризам“.

 

Можете да прочитате

Иран одбива целосно запирање на збогатувањето ураниум

Свечено отворени Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026

Над 95 илјади жени во Италија жртви на генитално осакатување