Утрински Весник
Спорт

Молба до навивачите на Наполи да не ја слават титулата на вулканот Везув

Молба до навивачите на Наполи да не ја слават титулата на вулканот Везув

Од националниот парк Везув ги предупредија фанатичните навивачи на Наполи да не ја прославуваат првата италијанска титула од 1990 година на вулканот кој се наоѓа над градот Неапол.

dobivaj vesti na viber

Наполи ќе ја осигураат третата титула во Серија А ако ги победат Салернитана во недела, а второпласираниот Лацио не го победи Интер на „Сан Сиро“. Управата на паркот е загрижена од плановите на тифозите да постават факли во боите на италијанското знаме на Везув и предупредуваат дека може да биде многу опасно.

„Сите сме пресреќни одд дуспехот на Наполи, кој носи чест и гордост на нашиот регион и многу среќа на нашите луѓе. Но, прославите мораат да бидат во рамките на пристојното однесување“, вели комесарот на паркот, Рафаеле де Лука.

Везув славно еруптираше во 79 година од нашата ера, уништувајќи го градот Помпеи, а последен пат имаше ерупција во 1944 година.

Можете да прочитате

„Леле луѓе што направивме“ – поминаа 13 години од тројката на Владо Илиевски (ВИДЕО)

УЕФА ги враќа руските клубови

Андреј Лунин ја продолжи соработката со Реал Мадрид