Утрински Весник
Свет

Путин утре ќе потпише декрет за присоединување на уште четири делови од Украина

Путин утре ќе потпише декрет за присоединување на уште четири делови од Украина

Русија најави дека утре официјално ќе припои уште четири делови од Украина.

dobivaj vesti na viber

Церемонијата на потпишување документи за присоединување  нови региони кон Русија ќе се одржи на 30 септември во 15 часот, изјави прес-секретарот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков.

Според портпаролот на Кремљ, на настанот се очекува долг говор на рускиот лидер Владимир Путин.

„Утре во Големата палата на Кремљ, во салата Свети Ѓорѓи, во 15 часот ќе се одржи церемонијата на потпишување на договорот за влез на нови територии во Руската Федерација“, рече Песков.

Тој додаде дека договорите за пристапување на регионите кон Русија ќе бидат одобрени уште пред да се разгледаат во Советот на Федерацијата сите прашања поврзани со овие процеси.

Претходно беше објавено дека шефовите на Луганската и Доњецката Народна Република отишле во Москва на разговори со Путин.

За време на церемонијата Путин ќе одржи голем говор, по што ќе се сретне со лидерите на непризнаените Народни републики Доњецк и Луганск, како и со регионите Керсон и Запорожје, каде од 23 до 27 септември беше одржан референдум за пристапување кон Руската Федерација.

Можете да прочитате

Мерц вети соработка со идниот француски претседател, без оглед на изборниот исход

Американската војска тврди дека уништила набљудувачка кула во иранското пристаниште Чабахар

Земјотрес од 7,4 степени регистриран крај брегот на Мексико во близина на Гватемала, издадено предупредување за цунами