Утрински Весник
Свет

Путин свика итен состанок, за Кремљ украинскиот напад е тероризам

Советник на Зеленски се плаши дека Русите ќе ги опкружат

Руските медиуми јавуваат дека украинските сили влегле на руска територија во областа Брјанск, која на север граничи со Украина. ТАСС пренесува дека „според последните информации влегле во две села“ и дека борбите се водат.

dobivaj vesti na viber

Државната новинска агенција РИА Новости објави дека портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на дневен брифинг за медиумите изјавил дека рускиот претседател Владимир Путин го откажал планираното патување во Ставропол „поради ситуацијата во регионот Брјанск“. Песков рече дека инцидентот е „терористички напад“.

Владимир Путин денеска ќе свика итен состанок на рускиот Совет за безбедност, изјави руски пратеник, откако Русија објави дека „група украински диверзанти се инфилтрирале во пограничниот регион Брајанск“.

Тврдењата не се независно потврдени. Украина веќе подолго време предупредува дека Кремљ планира да спроведе операции со лажни знамиња со цел да ја обвини Украина за ескалација на конфликтот.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина