Утрински Весник
Свет

Путин потпиша указ, ќе се регрутираат и Русите со двојно државјанство

Путин: Новите предизвици се сериозни и значајни

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој им се дозволува на Русите со двојно државјанство да служат во вооружените сили на земјата, пишува „Москва тајмс“.

dobivaj vesti na viber

Изменетиот декрет сега значи дека оние со статус на постојан жител во странство може да бидат регрутирани во армијата. Граѓаните со двојно државјанство претходно беа ослободени од воен рок.

Потсетете се дека во септември Путин нареди делумна мобилизација во Русија бидејќи земјата се соочува со воени неуспеси во Украина и рече дека е потребна дополнителна работна сила за да се добие војната не само против Украина туку и против нејзините западни поддржувачи.

Министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, рече дека Русија ќе регрутира 300.000 резервисти за поддршка на нејзината воена кампања. Тоа беше прва мобилизација во Русија по Втората светска војна, пренесе „Индекс.хр“.

Можете да прочитате

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас

Израел ги нападна Хутите во Јемен