Утрински Весник
Свет

Путин постхумно го одликуваше загинатиот воен репортер Владлен Татарски со Орден за храброст

Путин постхумно го одликуваше загинатиот воен репортер Владлен Татарски со Орден за храброст

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој се доделува Орден за храброст на Владлен Татарски, кој почина ден претходно во Санкт Петербург.

dobivaj vesti na viber

– За храброста покажана во извршувањето на професионалните должности, Орден за храброст ќе му биде доделен на Максим Јурјевиќ Фомин (Владлен Татарски), воен дописник (постхумно), се вели во декретот објавен на официјалниот интернет портал за правни информации.

Воениот известувач Владлен Татарски загина во експлозија во кафуле во Санкт Петербург. Во указот објавен на рускиот портал за правни информации, се наведува дека „Татарски е постхумно одликуван за покажаната храброст во извршувањето на професионалната должност“, пренесува РИА Новости.

Татарски, чие вистинско име е Максим Фомин, загина во неделата во експлозија во улицата бар во Санкт Петербург, во која беа повредени уште 32 лица. Дарија Трепова денеска е уапсена, која е осомничена дека го убила Татарски давајќи му фигурина од гипс, во која имало импровизирана експлозивна направа.

Можете да прочитате

Украина го повика Бразил да го уапси Путин доколку дојде на самитот на Г20

Нетанјаху: Израел ќе продолжи со немилосрдните напади врз Хезболах, вклучително и во Бејрут

Зеленски: Северна Кореја се приклучува на војната