Утрински Весник
Свет

Путин наредил испраќање на два авиони, хеликоптер и 50 спасувачи во потрага на Раиси

Img 8284.jpeg
Dik 300x250 mk

Рускиот претседател Владимир Путин, наредил испраќање на два авиони, хеликоптер и 50 спасувачи во Иран, во потрага по претседателот Ебрахим Раиси по кој се трага откако неговиот хеликоптер се сруши. 

Тие вечерва заминуваат во Иран, и веднаш ќе се стават на располагање во потрагата по Раиси.

Според иранската новинска агенција ИРНА, патници на хеликоптерот биле: иранскиот претседател Ибрахим Раиси, министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан, ајатолахот Ал Хашеми, имамот на џамијата Табриз и гувернерот на провинцијата Источен Азербејџан Малик Рахмати.

Се верува дека несреќата се случила во област пошумена во близина на градот Јолфа на границата меѓу Иран и Азербејџан, при што временските услови, вклучително и маглата, ги прават спасувачките операции речиси невозможни.

Можете да прочитате

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа

Покровск пред пад, се водат улични борби, Украинците се опколени