Утрински Весник
Свет

Путин нареди дополнителна исплата на пари на борците во Украина

Путин нареди дополнителна исплата на пари на борците во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот нареди еднократна исплата од 195.000 рубљи (околу 3.200 евра) за редовните припадници на армијата со договори и оние кои се платени да се борат во Украина, објави Кремљ.

dobivaj vesti na viber

Москва минатата недела објави дека е завршена „делумната мобилизација“ на 300.000 резервисти, но призна дека имало потешкотии.

Во наредбата објавена на веб-страницата на Кремљ, Путин рече дека целта на исплатата е „да се обезбедат дополнителни мерки за социјална поддршка“ на припадниците на редовните вооружени сили со договори и регрути. Не беа дадени повеќе детали.

Минималната месечна плата за војниците со договор е 160.000 рубљи (околу 2.600 евра), што е речиси три пати повеќе од просечната плата во Русија,пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

Лидерите на НАТО на самит во Анкара во услови кога САД го зголемуваат притисокот за воените трошоци

Анкара подготви десет луксузни Togg лимузини за Самитот на НАТО

Пожар избувна на Бруклинскиот мост за време на огнометот по повод Денот на независноста на САД