Утрински Весник
Свет

Путин: Американските војници нема да шетаат низ руските нуклеарни постројки, тоа е смешно

Советник на Зеленски се плаши дека Русите ќе ги опкружат

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва не се противи на учеството на земјите од НАТО во дискусијата за Договорот за стратешко офанзивно оружје (СТАРТ), но дека е „едноставно смешно“ да се замислуваат американски војници во руски нуклеарни постројки.

dobivaj vesti na viber

„Покрај сè друго, кога тие го прават она што го прават денес во Украина, едноставно не можам да замислам американски војници да шетаат по нашите нуклеарни постројки. Тоа е едноставно смешно“, нагласи Путин во интервју за телевизијата „Россија-1“, пренесува Спутник.

Претседателот на Русија изјави дека Москва е принудена да се врати на темата за нуклеарниот потенцијал на Велика Британија и Франција, бидејќи НАТО покажа дека претставува воен, а не политички блок,пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Гроси предупредува: Оштетени се клучни трафостаници, Чернобил остана без надворешно напојување

Трамп на социјалните мрежи ги обои Канада и Гренланд во американски бои

Фон дер Лајен: Време е да изградиме нова, независна Европа