Утрински Весник
Македонија

Алијанса го отфрли предлогот на Алтернатива за заедница на албански општини

Алијанса за Албанците: Дефиниравме пет приоритети поделени во 22 конкретни заложби

Алијанса го отфрли предлогот на Алтернатива за заедница на албански општини.

dobivaj vesti na viber

За нив ваквиот предлог е несериозен со тенденција Албанците да се стават во однос на дневната политика.

,,Албанците живеат во територијален континуитет, а не во енклави, во општини каде Албанците се апсолутно мнозинство, во општини со релативно мнозинство и во општини со помал процент. Политичките и територијалните организации кои не им служат нив не се вредни за дискусија. Србите во Косово, како и Албанците во Србија, се малцинство и овие стандарди мора да имаат реципроцитет и ние апсолутно го поддржуваме тоа. Дури сметаме дека такви права треба да имаат Унгарците и Босанците во Србија. Албанците во Македонија се 1/3 од вкупното население, а не малцинство. Решенијата за заштита на малцинствата кои се размислуваат за други реалности не можат да се применат во контекст на нашето мултиетничко општество и консоцијативна демократија”, се вели во соопштението од Алијанса.

Од ЛДП претходно оценија дека ваква идеја само создава групирања и поделби и се коси со вредностите за либерално-демократско општество.

Можете да прочитате

Вештак на судењето на Ѓоко Ристов: Белешките на заѕиданите 350.000 евра ги пишувала неговата мајка

За 161 судија побарано утврдување одговорност, судовите со над 134.000 нерешени предмети

Полицијата вчера привела седум возачи кои возеле без да имаат положено