Утрински Весник
Свет
Img 7972

Пулицеровата награда за новинарство ги добија „Pro Publica“ и Асошиетед прес

20240507071608 Big 730x400 99.webp.webp
Img 7972

Престижната Пулицерова награда за новинарство му е доделена на истражувачкиот медиум „ProPublica“ за „иновативното“ известување за тоа како милијардерите ги „придобивале“судиите на Врховниот суд на САД со подароци и обезбедување патувања. Агенцијата Асошиетед  прес е награден во категоријата фото-репортажа за известување за имиграцијата во САД преку Латинска Америка.

Наградата за известување од јавен интерес ја добија Џошуа Каплан, Џастин Елиот, Брет Марфи, Алекс Миерјески и Кирстен Берг како репортери на „Про паблик“.

Фотографиите на АП се направени низ Латинска Америка и долж границата меѓу САД и Мексико, во Тексас и Калифорнија, во годината кога миграцијата беше една од најголемите теми во светот.

Со оваа престижна награда се овековечени 15 фотографии од вработени во агенцијата АП и тоа Грег Бул, Ерик Геј, Фернанд Лано, Марко Угарте и Едуардо Вердуго, како и долгогодишните вработени во АП Кристијан Чавез, Феликс Маркез и Иван Валенсија.

Пулицеровата комисија доделува и награди за извонредна работа во области како што се литературата, музиката и театарот.

Наградите се воведени со последната волја на издавачот Џозеф Пулицер.

За наградите одлучува Универзитетот Колумбија во Њујорк, кој и самиот беше во вестите за студентските демонстрации против војната во Газа. 

Можете да прочитате

Удар од гром може да биде оправдана причини за доцнење на авион, оцени Судот на правдата на ЕУ 

Тинејџер од Македонија повторно осомничен за терористички планови во Австрија

Трамп вели дека ќе се сретне со Путин во Унгарија за разговори за Украина по „многу продуктивниот“ телефонски разговор