Утрински Весник
Македонија

Пукање во Скопје: Двајца на мотоциклисти пукале кон паркиран автомобил

Policijanokje.jpg

Рано утрово во Сарај се случил вооружен инцидент, откако од мотоцикл биле испукани неколку куршуми кон паркирано патничко возило во кое се наоѓале две лица.

Според пријавеното во полиција, околу 4 часот Р.З. (25) од скопското село Глумово пријавил дека додека заедно со негов другар биле во паркирано возило во Сарај, до нив се приближиле две лица со мотоцикл.

Едното од лицата извадило огнено оружје и испукало неколку куршуми кон автомобилот, при што возилото било оштетено.

За среќа, во инцидентот нема повредени лица.

Полицијата презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на идентитетот на лицата кои учествувале во инцидентот.

Можете да прочитате

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Драма во поликлиниката „Букурешт“: Доктор нападнат додека прегледувал пациентки, му скршиле вратен пршлен

Андоновски: Националниот дата центар ќе се гради до крајот на мандатот на Владата