Утрински Весник
Балкан

Пукање во Сараево, полицијата во потрага по две криминални групи

Saraevo Policija.jpeg

Во полицијата во кантонот Сараево било пријавено дека имало пукање во населбата Храсно, поради што веднаш излегле на терен. Очевидци јавуваат дека се работи за пресметка на двe групи кои пукале од автомобили во движење.

Како што раскажуваат шокираните жители на Храсно, виделе пукање од сив теренец „мерцедес“ и „голф“. Според нивната изјава, актерите се движеле по улицата Азиза Шаќирбеговиќ од бензинската пумпа „Селекс“ во правец кон Босмал, а потоа свртеле во спротивна насока.

Жителите тврдат и дека во „голфот“ имало маскирани лица, односно имале фантомки на главите.

Од полицијата потврдија дека пукањето кај нив било пријавено, но без детали. Дел од специјалците ги бараат актерите во оружениот инцидент.

Неофицијално, оштетени се неколку објекти во околината, а се уште нема информации за повредени.

Можете да прочитате

Вучиќ му честиташе на Маѓар и му се заблагодари на Орбан

ОН ѝ дава на Бугарија шест месеци да им овозможи на Македонците право на здружување

Турција планира целосна забрана за продажба на тутунски производи до 2040 година