Утрински Весник
Балкан

Пукање во Будва – едно лице го изгуби животот

Policeman With Car In Background.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Попладнево во Будва било регистрирано пукање од огнено оружје, а според неофицијални информации објавени од подгоричкиот портал „Борба“, едно лице го загубило животот. Иако полицијата засега официјално не ја потврди информацијата за убиство, на терен биле распоредени голем број полициски службеници, а градот бил под засилени безбедносни мерки.

Контролирани биле приодите кон Будва, додека паралелно се спроведувала интензивна потрага и истрага. Итните служби веднаш интервенирале, но според достапните информации, повредите на ранетиот маж биле смртоносни. Мотивот за пукањето, како и идентитетот на лицата поврзани со инцидентот, засега остануваат непознати.

Во меѓувреме, од Полициската управа соопштија дека телото на С. М. од Будва било пронајдено во селото Марковиќи. Се наведува дека полицијата презема сите законски предвидени мерки и дејствија со цел целосно расветлување на случајот и утврдување на околностите под кои настапила смртта. Од полицијата најавија дека јавноста ќе биде дополнително информирана откако ќе бидат обезбедени повеќе информации.

Можете да прочитате

Турција приведе 357 осомничени членови на Исламска држава

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси

Во прекин сообраќајот на ГП Евзони