Утрински Весник
Свет

Пукање на вечерата на Трамп со дописниците од Белата куќа – полицаец е застрелан, а вооружениот напаѓач уапсен

20260426062827 big 730x400 58.webp.webp

Претседателот на САД, Доналд Трамп и првата дама Меланија синоќа беа евакуирани од годишната вечера со дописниците од Белата куќа од страна на Тајната служба откако маж отвори оган врз обезбедувањето.

Вооружениот маж со сачмарка пукаше врз агентите на Тајната служба, при што е повреден еден полицаец, а напаѓачот е уапсен.


– Човек нападна безбедносен контролен пункт вооружен со повеќе оружја и беше соборен од некои многу храбри членови на Тајната служба – изјави Трамп по инцидентот на прес-конференцијата во Белата куќа.

Се претпоставува дека напаѓачот сам дејствувал.

Тој човек додека беше на подот изгледаше прилично злобно – посочи Трамп објавувајќи фотографија од неговото апсење.

Откако се слушнаа истрели голем број од 2.600 учесници на настанот почнаа да бегаат, а агентите на Тајната служба, меѓу кои и државниот секретар Марко Рубио и министрите за здравство Роберт Ф. Кенеди и министерот за внатрешни работи Даг Бургум беа легнати на под.

Вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа се одржува секоја година, на којa присуствуваат и многу членови на кабинетот на Трамп и други високи функционери на администрацијата. Настанот се одржува во подрумската балска сала на хотелот Хилтон.

Трамп во текот на кампањата за втор претседателски мандат во 20024 годоина беше цел на два обиди за атентат.

Во јули 2024 година на митинг на отворено во Батлер, Пенсилванија, Трамп беше застрелан од 20-годишен маж во увото. Напаѓачот беше убиен од обезбедувањето.

Нешто повеќе од два месеци по пукањето во Батлер, агентите на Тајната служба забележаа маж со пиштол скриен во грмушки во меѓународниот голф клуб Трамп во Вест Палм Бич, Флорида, додека Трамп беше на теренот. Тоа се сметаше за обид за атентат, а осомничениот е осуден на доживотен затвор.

Поранешниот американски претседател Роналд Реган беше повреден пред хотел Хилтон во 1981 година.

Можете да прочитате

Напаѓачот од Вашингтон призна дека мета му биле американските политичари

Чернобил – 40 години потоа: Катастрофата што го потресе светот

Американската армија заплени брод што се обидел да ја пробие блокадата