Утрински Весник
Свет

Пукање на Флорида: осум луѓе ранети на прославата на Денот на Мартин Лутер Кинг

Пукање на Флорида: осум луѓе ранети на прославата на Денот на Мартин Лутер Кинг

Осум лица се ранети во пукање синоќа за време на прославата на Денот на Мартин Лутер Кинг во Форт Пирс, Флорида, соопшти полицијата на округот Сент Луси.

dobivaj vesti na viber

Пукањето почнало околу 17.20 часот во близина на локалниот парк по несогласување меѓу две групи, изјави портпаролот на полицијата, пренесе „Фокс њуз“.

Една од жртвите е во критична состојба, а четири лица се повредени додека бегале од местото на инцидентот.

„Беше голем хаос, можете само да замислите кога почна пукањето. На настанот присуствуваа повеќе од илјада луѓе. Кога куршумите почнаа да летаат, луѓето трчаа на сите страни“, изјави заменик-началникот на полицијата, Брајан Хестер.

Можете да прочитате

Братот на новиот папа: Му реков да не го избира Лав

Протекоа детали за голем пресврт во изборот на новиот папа: Овој кардинал предводен од 49 гласа, отишол на ручек, а потоа…

Минатиот месец бил вториот најтопол април во историјата