Утрински Весник
Спорт

ПСЖ му нуди „месиевски“ договор на Меси

ПСЖ му нуди „месиевски“ договор на Меси

Челниците на ПСЖ му понудиле на Лионел Меси договор „што не се одбива“. Меси (35) има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, а досега заработуваше 30 милиони евра годишно.

dobivaj vesti na viber

„Постигнат е вербален договор, а сите детали ќе бидат познати до крајот на јануари кога во Париз ќе пристигне таткото и менаџерот на аргентинскиот фудбалер, Хорхе Меси за да го финализира договорот. Времетраењето на новиот договор и годишната плата ќе бидат договорени на тој состанок. Се очекува Меси да го продолжи договорот до јуни 2025 година.Тој ќе потпише „месиевски договор“, кој ќе биде подобар од сегашниот и ќе има повисок плата од онаа што ја имаше досега. На Меси ќе му биде понуден договор што не може да го одбие, пренесуваат новинарите на „Марка“.

Шпанските медиуми истакнуваат дека Меси ќе добие зголемување на платата благодарение на добрите настапи на Светското првенство во Катар.

Аргентина ја освои титулата на Мундијалот, откако во финалето ја совлада Франција по подобро изведување пенали, а Меси беше прогласен за најдобар играч на Мундијалот.

„Марка“, додава дека раководството на ПСЖ сака Меси да се пензионира во дресот на францускиот клуб, бидејќи тоа би им донело уште поголем приход, а клубот би стекнал дополнителна популарност.

Францускиот клуб од првата сезона на Меси во Париз заработи дури 700 милиони евра.

Меси е член на францускиот шампион од 2021 година, а за „светците“ одигра 53 натпревари и постигна 23 гола.

Можете да прочитате

Познати двојките во првото квалификациско коло на Macedonian Open 2024

Шкупи ги упати првите „отровни стрели“ кон Сејдини и бара првиот човек на ФФМ веднаш да си замине

МЗТ Скопје поведе во финалната серија против Пелистер