Утрински Весник
Спорт

ПСЖ и Меси се далеку од договор

ПСЖ и Меси се далеку од договор
Dik 300x250 mk

ПСЖ се уште не постигнале договор со Лионел Меси. Дел од француските медиуми тврдат дека преговорите се ставени во мирување. Договорот на аргентинскиот интернационалец истекува на крајот од актуелната сезона.

dobivaj vesti na viber

„Марка“ пренесува дека двете страни се далеку од договор. Преговорите влегле во ќор сокак во јануари, по враќањето на Меси од Катар, каде со Аргентина го освои Светското првенство.

Двете страни не можат да се договорат околу платата. Таткото на Меси барал зголемување од 10 милиони евра, односно бара неговиот син да заработува 40 милиони евра по сезона.

35. годишниот фудбалер постигна 18 гола со 17 асистенции на 31 натпревар за „светците“ во сите натпреварувања оваа сезона.

Можете да прочитате

Македонските ракометари поразени од Јапонија

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс

Србија меѓу кандидатите за финалето на УЕФА Лига Европа