Утрински Весник
Спорт

ПСЖ и Барселона се договориле во иднина да не си крадат фудбалери

ПСЖ и Барселона се договориле во иднина да не си крадат фудбалери

Барселона и ПСЖ се договориле во иднина да не си крадат играчи, пренесува каталонски „Спорт“. Во иднина двата клуба ќе соработуваат само во случај на заеднички интерес. Пактот клубовите го склучија откако ПСЖ ја активираше откупната клаузула во договорот на Усман Дембеле.

dobivaj vesti na viber

Усман Дембеле е најновото во низата ѕвезди кои против волјата на Барселона од „Камп Ноу“ се селат во Париз. Каталонците во 2016 година се обидоа да го земат Марко Верати од ПСЖ, „светците“ следната година возвратија со активирање на клаузулата на Нејмар од 222 милиони евра, а пред две години бесплатно го донесоа Лионел Меси.

ПСЖ минатата недела, ја активираше клаузулата на Дембеле од само 50 милиони евра, што повторно предизвика бес кај челниците на Барселона. сега Каталонците намерно го одолговлекуваат трансферот. Тие се уште не ја доставиле потребните документи во Париз.

Парижаните, пишува „Мондо Депортиво“, им порачале дека доколку не го комплетираат трансферот во следните 24 часа, ќе се откажат и дека следното лето ќе им го земат 26. годишниот фудбалер бесплатно.

Сепак, пактот што го објави „Спорт“ веројатно ќе го забрза трансферот на Дембеле, но и ќе ги спречи парижаните да продолжат да гледаат на „Камп Ноу“ како супермаркет каде што ќе можат да купат што сакаат.

Сепак, „Спорт“, пишува дека се работи само за вербален договор, во никој случај не правен, па нема гаранција дека едната или другата страна нема да го прекршат договорот.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига