Утрински Весник
Магазин

Психологијата зад повторното навраќање на исти филмови и серии

Friends.webp.webp

Многумина практикуваат, наместо гледање нови филмови и серии, читање нови книги итн., повторно да погледнат нешто постаро што веќе го гледале, или да ја препрочитаат омилената книга – и тоа повеќепати… Психологот Памела Ратлиџ од Универзитетот „Филдинг гредјуејт“ во Калифорнија (САД) се обиде да одговори на прашањето: Зошто луѓето го прават тоа?

– Наоѓањето утеха во остатоците од поп-културата не е нов феномен, иако е чудна појава. Објаснувањето на повторното гледање е едноставно и интуитивно – наместо непознати, бараме познати стимули за време на стресни периоди. Утеха ни е да гледаме работи што сме ги виделе порано затоа што тоа е „лесно за мозокот“, објасни докторката.

Според неа, тоа е еден вид терапија, особено ако човекот се чувствува вознемирен.

– Гледањето исто дело постојано е вид потврда дека во светот има ред. Тоа создава чувство на сигурност и удобност на првобитно ниво, додаде таа.

Д-р Ратлиџ ги охрабрува гледачите да обрнат внимание на тоа како самите се чувствуваат кога повторно гледаат серија што веќе ја гледале.

– Честопати, всушност, постојано сме исцрпени од стрес. Размислувањето оди вака: Сакам да гледам нешто што ќе ми даде малку утеха. Тоа е нешто што не ми ја троши енергијата, туку ми ја враќа… Навистина бараме нешто во коешто може да уживаме, а што нема да троши повеќе од нашата енергија, коешто всушност ќе нѐ опушти и нема да ни го оптоварува мозокот со сложен заплет, појасни стручњакот.

Како типични примери таа ги наведе хумористичните серии „Канцеларија“ и „Пријатели“, чиишто репризи се постојано барани токму поради лесниот хумор. 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста