Утрински Весник
Македонија

Првороденото бебе во новата година во Битола е женско

Првороденото бебе во новата година во Битола е женско

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети гинеколошко – акушерското одделение во Клиничката болница во Битола, каде во првото јануарско утро од оваа година, се роди првото женско новороденче Христина. Мајката Сара Поп Атанасова го донесе на свет во 1:42 после полноќ.

dobivaj vesti na viber

Дежурните доктори прим. д-р Елизабета Чипуровска и д-р Христо Ѓорѓиевски, раководителката на одделението Маја Аврамовска и директорот на болницата, д-р Александар Обедниковски, го информираа градоначалникот дека, пред полноќ беа родени уште две здрави деца, машко и женско, од мајките Виолета Начковска Митровска и Риние Мемедовска.

Градоначалникот ја посети и Болницата „Плодност“, каде само една минута по полноќ на свет дојде женско новороденче, Бојана, од мајката Стефани Чалеска Димитријевска, а во 05.01 часот се роди и Александар од мајка Славица Тановска од Ресен. Сопственикот и директор на Болница „Плодност“, прим. д-р Таше Трпчевски, истакна дека двете новороденчиња се убав знак за нова и успешна година во болницата.

Со најубави желби, градоначалникот Коњановски им ја честиташе приновата на родителите, подарувајќи им вредносен ваучер на родилките и подароци за новороденчињата.

Можете да прочитате

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Казни до 400 до 5.000 евра за сопственици на домашни миленици, се подготвува нов Закон за заштита на животните

Четири лица уапсени во Муртино поради дрога