Утрински Весник
Свет

Прво интервју на новиот чешки претседател: Украина треба да влезе во НАТО

Пензионираниот генерал Петр Павел пред Бабиш, за две недели ново гласање за претседател на Чешка
300x250 (7)

Новоизбраниот чешки претседател Петр Павел денеска изјави дека на Украина треба да ѝ се дозволи влез во НАТО „штом војната ќе заврши“.

dobivaj vesti na viber

Павел, пензиониран генерал на НАТО, изјави за Би-би-си дека Украина ќе биде „морално и практично подготвена“ да ѝ се приклучи на алијансата кога ќе заврши конфликтот.

Ss1

Во своето прво интервју како претседател за странски медиуми, Павел цврсто ја бранеше западната воена поддршка за Киев велејќи дека не треба да има „речиси никакви ограничувања“ за пратките.

Тој додаде дека за него испраќањето западни борбени авиони „Ф-16“ не е табу, но дека не е сигурен оти тие би можеле да бидат испорачани во време што би му одговарало на Киев.

Американскиот претседател Џозеф Бајден ја отфрли можноста за испраќање „Ф-16“ оваа недела иако францускиот претседател Емануел Макрон рече дека ништо не е исклучено.

„Се гордеам што мојата земја беше една од првите што обезбеди значителна воена помош за Украина“, изјави Павел за Би-би-си.

Тој го поздрави испраќањето тенкови од Западот во Украина, но додаде дека верува оти „сè уште не е доволно“ да се спротивстави на Русија.

Ss1

Можете да прочитате

Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

Десет лица загинаа во судир на хеликоптери кои вежбале за парада во Малезија

Турк ужаснат од уништувањето на болниците „Насер“ и „Ал Шифа“ во Појасот Газа и од масовните гробници во нив