Утрински Весник
Економија

Првите 150 холандски туристи пристигнаа во Охрид

Turisti 1.jpg

Денеска, на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле”,  со чартер лет на холандскиот туроператор „Корендон“ од Амстердам, во Охрид, пристигнаа првите 150 холандски туристи.

Во 10 часот денеска, на охридскиот аеродром, слета авион од најновата серија на „Боинг Маx” каде, првите холандски туристи беа пречекани од претставници на туристичката агенција „Фибула Травел Македонија”, партнер на туристичкиот оператор „Корендон” од Холандија.

Од денеска се до октомври, ќе има три директни чартер летови неделно од Амстердам до Охрид а околу 690 холандски туристи неделно ќе престојуваат на охридско-струшката ривиера. Нивните пакет аранжмани се на база на 7, 10, 11 и 14 дневен престој.

Холанѓаните, години со ред, се едни од најбројните туристи кои летуваат на охридско-струшкото крајбрежје и остваруваат најголем број ноќевања.

Можете да прочитате

Левица: Владата се откажува од гасификацијата – две милијарди денари скратени со ребалансот

СДСМ: Цените до плафон, платите во место – Мицкоски го турка народот во сиромаштија

УЈП започна контроли на приливите од странство остварени во текот на 2021 година