Утрински Весник
Балкан

Првични резултати од Бугарија: Убедливо водство на Румен Радев

Screenshot 2026 04 19 184355 1024x640 1.jpg

Првите излезни анкети од денешните предвремени парламентарни избори во Бугарија покажуваат дека поранешниот претседател Румен Радев, со неговата „Прогресивна Бугарија“ (ПБ), има убедливо водство пред традиционалните партии.

Резултати од првите излезни анкети: Според податоците објавени веднаш по затворањето на избирачките места, дури 10 политички субјекти имаат шанса да влезат во новиот состав на Народното собрание, но со огромна разлика меѓу првопласираните и останатите:


Прогресивна Бугарија (ПБ): 38.9%
ГЕРБ-СДС: 15.4%
ПП-ДБ: 13.6%
ДПС (Движење за права и слободи): 7.5%
Възраждане (Преродба): 5.1%
БСП (Бугарска социјалистичка партија): 4.1%
МЕЧ: 3.2%
Сияние (Сјај): 3.2%
Величие: 3%
ИТН (Има таков народ): 2%

Доминацијата на „Прогресивна Бугарија“ со скоро 39% од гласовите ја става партијата во позиција да биде главен фактор во формирањето на идната влада, додека досегашните водечки сили, ГЕРБ-СДС на Бојко Борисов и коалицијата ПП-ДБ, бележат значителен пад на поддршката, освојувајќи помалку од 16% поединечно.

Изненадување на овие избори е и големиот број на помали партии кои се движат околу и под изборниот праг од 4%. Партиите како МЕЧ, Сияние и Величие ќе мора да ги почекаат официјалните резултати за да потврдат дали ќе станат дел од 51-то Народно собрание.

Можете да прочитате

Очекувавме да бидеме први рече Радев

Силно невреме ја погоди Словенија

Македонски граѓанин нападнал и киднапирал старец во Хрватска