Утрински Весник
Македонија

Први случаи на мајмунски сипаници потврдени во Македонија

Img 9498.webp.webp

Денес, во Јавната здравствена установа Институт за јавно здравје, лабораториски се потврдија првите два случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во Македонија. Двајцата пациенти биле упатени од Клиниката за кожни болести како суспектни случаи, при што покрај тестирањето за мајмунски сипаници, им било наложено и испитување за ХИВ, сифилис и херпес, објави порталот 4news.mk.

Лабораториските испитувања биле спроведени по три различни методи, и сите резултати укажале на присуство на вирусот. Веднаш по потврдата, Институтот за јавно здравје ги известил сите надлежни институции – Министерството за здравство, Клиниката за кожни болести, Инфективната клиника и други релевантни служби.


Согласно предвидените протоколи, докторот што ги примил пациентите ги информирал за резултатите, по што започнала епидемиолошка анкета спроведена од стручни лица од Институтот за јавно здравје. Целта на анкетата е да се добијат важни податоци за контактите на пациентите, нивното движење и потенцијални ризици од ширење на инфекцијата. Процесот на анкетирање е сè уште во тек.

Како следен чекор, на заразените лица ќе им биде препорачано да се јават на Инфективната клиника за понатамошна здравствена грижа. Истовремено, Институтот ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата и да соработува со сите релевантни институции.

Надлежните уверуваат дека нема простор за паника. Мерките се преземаат брзо и навремено, а институционалните капацитети се мобилизирани за да се спречи ширење на инфекцијата. Се преземаат и дополнителни превентивни мерки, а за јавноста утре ќе следуваат подетални информации.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова до Бирн: Ирска да продолжи да се залага за кредибилен процес на пристапување базиран на заслуги

Коцевски: Политиката ја оставам на политичарите, имаме цврсти докази да ги добиеме на суд големите случаи како „Онкологија“, „Пулс“ и „Крмзов“

Министерот Тошковски присуствуваше на отпочнување на процесот за полагање на испит за ракување со оружје