Утрински Весник
Свет

Први проценки – земјотресите ќе ја чинат Турција околу 84 милијарди долари

Први проценки – земјотресите ќе ја чинат Турција околу 84 милијарди долари

Земјотресите што ја погодија Турција на 6 февруари и нанесоа штета на економијата во износ од 84 милијарди долари, објави денеска агенцијата Блумберг, повикувајќи се на проценките на турската Конфедерација на претприемачи и претставници на деловни кругови.

dobivaj vesti na viber

Во првата оценка на Конфедерацијата се наведува дека загубите на националната економија поради земјотресот ќе бидат околу десет отсто од бруто домашниот производ.

Се прецизира дека штетите на станбените згради изнесуваат 70,8 милијарди долари, последиците од земјотресот ќе доведат до намалување на буџетските приходи на земјата за 10,4 милијарди, а уште 2,9 милијарди ќе ја чинат турската економија загуба на работна сила, пренесе ТАСС.

Пресметките на Конфедерацијата укажуваат на поголема штета од онаа што ја проценуваат другите економисти во земјата, а повеќето експерти се согласуваат дека е рано да се сумираат конечните последици од природната катастрофа во овој момент.

Во земјотресите со јачина од 7,8 и 7,6 степени според Рихтеровата скала во југоисточна Турција досега загинаа речиси 30.000 луѓе и уништија повеќе од 6.000 згради

Можете да прочитате

Неидентификуван предмет паднал и експлодирал во Полска, оштетени блиските куќи

Шест отсечени човечки глави пронајдени покрај пат во Мексико

Над 1.000 мртви во Шпанија поради жештините