Утрински Весник
Свет

Прва средба во живо на Бајден и Шји Џјинпинг

Прва средба во живо на Бајден и Шји Џјинпинг

Американскиот претседател Џо Бајден ќе се сретне со својот кинески колега Шји Џјинпинг в понеделник на Бали, Индонезија, на маргините на самитот на Г20, соопшти Белата куќа.

dobivaj vesti na viber

Двајцата лидери, кои ќе имаат прва средба лице в лице по изборот на Џо Бајден, ќе разговараат за тоа како одговорно да управуваат со меѓусебните односи настојувајќи да соработуваат онаму каде што нивните интереси се совпаѓаат, се вели во соопштението за печатот на Белата куќа.

„Џо Бајден и Шји Џјинпинг, кои веќе неколкупати разговараа преку телефон и видеоконференција, ќе разговараат за низа меѓународни и регионални прашања“, рече портпаролката на Белата куќа, без директно да ја спомене судбината на Тајван.

„Она што сакам да го постигнам со него, кога разговараме, е да одредиме кои се црвените линии што мора да ги почитуваме“, им рече Бајден на новинарите во Вашингтон.

„Доктрината за Тајван воопшто не е променета“, нагласи тој избегнувајќи да ја повтори својата претходна изјава дека американската војска ќе го брани Тајван доколку биде нападнат.

Шји Џјинпинг минатиот месец освои трет мандат на чело на кинеската Комунистичка партија зацврстувајќи го својот статус на најмоќниот кинески лидер од Мао Ѕе Дунг.

Можете да прочитате

Над 1.000 мртви во Шпанија поради жештините

Германија и нејзините сојузници работат на деталите за безбедносните гаранции за Украина

Самитот на НАТО во 2026 година ќе се одржи во Анкара