Утрински Весник
Македонија

Прв академски час на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ и „Гоце Делчев“

20240930161003 Big 730x400 43.webp.webp

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип денеска ќе се одржат првите академски часови за 2024/2025 година.

Овој настан, како резултат на соработка помеѓу УКИМ и УСС, го означува почетокот на новата академска година и ќе биде одбележан со утринска церемонија, како и со вечерен дел.

Како што соопштија од УКИМ и од УСС, свечениот час вклучува и доделување индекси на најдобро рангираните студенти од секој факултет. Посочуваат дека чинот на доделување – еден индекс на еден студент од секој факултет го симболизира врачувањето на индексите на новата генерација студенти на УКИМ.

Вечерниот дел, е организиран во духот на бруцошка забава, исполнет со звуците на неколку музички точки. Вечерта ќе започне со DJ Dimchuga, а потоа ќе следат настапи на бендовите Siotojazz, The Ringtones, студентскиот бенд УКИМЦИ, како и на пејачите Пајак и Лара. 

Со слоганот „Избери мудро, делувај храбро!“ денеска и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го организира првиот академски час „Бруцошка на УГД“. 

Од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип на првиот академски час го најавија присуството на министрите за образование и наука, Весна Јаневска, за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, како и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Можете да прочитате

Пронајдени марихуана, кокаин и прашкасти материи на повеќе локации во државата

Излезноста во Брвеница до 13 часот повисока за 7,31 процент од првиот круг

Со запалива течност опожарил паркирано возило во Скопје, полицијата го бара