Утрински Весник
Македонија

Прозборе човекот кој се залепи на плоштад: Во Кочани си дојдоа деца кои цел живот ќе немаат раце, толку брзо ли не заборавивте?

Suport kocani gerila akcija na ploshtad 14 1365x2048 1.jpg

Мажoт кој на скопскиот плоштад се залепи со селотејп за бандера кажа дека го направил тоа за да испрати силна порака и да го насочи вниманието на јавноста кон трагедијата во Кочани.

Тој пред собраните праша: „Па толку брзо ли не’ заборавивте?“.


Вели дека пред некој ден во Кочани си дошле деца што немаат прсти на рацете.

„Овие деца се пуштени од болница, и ќе немаат цел живот раце. Барем да им помогнеме. Толку ли брзо не заборавивте нас од Кочани? Зошто тој град никогаш не бил битен? Да направиме нешто за тој град. Наместо да се отвораат нелегални дискотеки нека направат нешто во Кочани. Нека направат некој културен центар, спортски центар. Нека отворат некое кино, наместо деца да одат по такви места да се глупираат таму, нека гледаат филм“, рече човекот од Кочани.

Тој вели дека жителите на овој град не се чувствуваат добро и повика на разбирање. Ако не се преземе нешто, вели, работата ќе оди на полошо.

„Ми загинаа пет другари, и некој ме прашува: нема ли да ти биде срам што ќе бидеш врзан? Јас сум секако духовно врзан. Нема што да правам, морам да живеам во тој град. Мора да направам нешто за него“, рече човекот објаснувајќи ја симболиката на врзувањето.

Рече дека донациите се намалиле, а на децата ќе им требаат многу пари.

„Само на едно дете знам дека му се потребни ракавици за рацете и нозете. Една ракавица е 1.000 евра. Значи ќе му требаат 4.000 евра. Како што гледаме, државата тие пари нема да ги обезбеди. Ако ништо друго за тие деца да се соберат пари. Каков живот ќе живеат тие деца?“, рече човекот.

Можете да прочитате

СДСМ: Од Осака до Венеција – Љутков е министер за култура или министер за туризам?

Некој им ги подготвува говорите на мајката и таткото, ова не е ни прва ни последна сообраќајка, вели Дуковски за предметот за усмртената Фросина

Маж со нож се шетал и заканувал по Широк Сокак во Битола – итно е уапсен