Утрински Весник
Македонија

Протестен марш „Задоцнета реакција“ на семејствата на настраданите во пожарот во „Пулс“

Screenshot 20250317 153614 Gallery.jpg
Dik 300x250 mk

Во сабота на 12 април со почеток од 12:05 ч. во Кочани ќе се одржи втор протестен марш „Задоцнета реакција“ на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ каде животот го загубија 61 младо лице и близу 200 повредени.

Маршот ќе започне од Градскиотт парк во Кочани кон Трговскиот центар, Општина Кочани, полицијата и Основниот суд и обвинителство во Кочани.


-На маршот може да се приклучат сите граѓани на Македонија кои сакаат да изразат поддршка на родителите на покојните и почит спрема покојните. Маршот е единствено организиран од семејствата на починатите во пожарот во Кочани, не е за поддршка на обезбедувањето и ги замолуваме сите граѓани да го почитуваат ова и да не се приклучуваат доколку целосно не го прифаќаат маршот и неговата реализација, истакнаа во писменото соопштение.

Протестниот марш е втор по ред, откако минатата сабота близу илјада кочанчани излегоа на улиците да дадат поддршка на семејствата на настраданите и побараа правда за случајот.

Можете да прочитате

Пообилен дожд во западните делови, ќе престанат утре попладне

Почина пејачот и режисер Диме Поповски

После 7 месеци, пронајдена дамата херој од кочанската болница