Утрински Весник
Македонија

Протест за поддршка – слобода за доктор Вучевски, обвинет за пожарот во модуларната болница во Тетово

Протест за поддршка – слобода за доктор Вучевски, обвинет за пожарот во модуларната болница во Тетово
Ss2

Протест за поддршка на доктор Бобан Вучевски се одржа денеска пред тетовскиот суд, каде се суди предметот за пожарот во модуларната болница. Судењето се одложи поради отсуство на екс економскиот директор на тетовската болница, Артан Етеми.

dobivaj vesti na viber

Преку протестите кои се организираат пред секое судење, се бара докторот да биде ослободен од вина, односно да биде повлечено обвинението против него.

Ss1

„Благодарност до сите граѓани кои денеска беа дел од мирниот протест пред Основниот Суд во Тетово, во знак на поддршка за Др. Бобан Вучевски, кој е неправедно обвинет. Како што ние имавме и сеуште имаме потреба од него, така сега ние нему сме му потребни со нашата поддршка! Продолжуваме со протести секое следно рочиште! Правда и поддршка за Др. Вучевски!“, се вели на страницата направена за поддршка на докторот.

Докторот е обвинет дека дозволил влез на роднини во модуларната болница во која избувна пожар, а тоа не било дозволено и било спротивно на препораките за постапување во време на пандемија.

Предметот е во почетна фаза на судење, а со оглед дека низа рочишта се одложија поради отсуство на адвокати, обвинети, но и поради доказниот материјал од кој се бараше копија за обвинетите.

Ss1

Можете да прочитате

Мицкоски: Бранот на промени ќе ја порази оваа власт

Битиќи: На 8 мај гласовите се бројат од нула

Јакимовски: Власта секогаш ги опијанува ВМРО-ДПМНЕ