Утрински Весник
Балкан

Протест во Албанија, фрлени молотови коктели врз зградата на Владата: „Го рушиме режимот на Рама“

Protest Albanija 1.jpg

Демонстрантите од опозицијата вчера фрлаа молотови коктели и камења врз зградата на албанската влада, обвинувајќи ги владините претставници за вмешаност во организиран криминал и корупција, откако нивниот лидер беше ставен во домашен притвор.

Илјадници се собраа пред седиштето на владата во главниот град Тирана, додека припадниците на интервентната полиција беа повикани да ја опколат канцеларијата на премиерот Еди Рама. Засега нема извештаи за повредени, сериозни штети или уапсени.

Web

Главната опозициска Демократска партија го обвинува Рама за непотизам и корупција, што според неа охрабрува многу млади луѓе да емигрираат во потрага по подобар живот во Западна Европа.

Демонстрантите вчера избраа да се соберат во спомен на 20 февруари 1991 година, кога продемократските демонстранти ја урнаа статуата на долгогодишниот албански комунистички диктатор Енвер Хоџа.

„Тука сме да го урнеме режимот на Рама, полош од режимот на Енвер Хоџа“

„Денеска сме овде за да го собориме режимот на Рама, кој е полош од режимот на Енвер Хоџа“, рече Силе Џебеџија, демонстрант кој рече дека патувал над 100 километри за да присуствува на протестот во Тирана.

Опозицискиот лидер Сали Бериша им се обрати на демонстрантите преку видео врска од домашен притвор. Против него се води истрага за наводна корупција додека беше премиер од 2005 до 2013 година.

Бериша негираше дека сторил нешто лошо, обвинувајќи го Рама за политичка одмазда со цел да ги замолчи противниците. Рама негира.

Обвинителите допрва треба да одлучат дали ќе поднесат формални обвиненија против Бериша или ќе ги отфрлат.

„Еди Рама, како и другиот диктатор Хоџа, ги концентрираше сите сили во свои раце и сака Албанија без опозиција“, рече Бериша на демонстрантите.

Бериша редовно им се обраќа на поддржувачите од балконот на неговиот стан во центарот на Тирана.

Можете да прочитате

Грција нуди бесплатен одмор на туристи, 25.000 луѓе имаат право

Возач на камион од Србија пронајден мртов во Швајцарија

Голем пожар кај Нови Сад, повеќе од 10 возила на противпожарната служба се на терен