Утрински Весник
Балкан

Протест пред РТС во Белград: Барања за информирање на јавноста за еколошките проблеми

Img 3316.jpeg
Dik 300x250 mk

Пред зградата на јавниот медиумски сервис во Белград, се одржува протест со барање Радио-телевизија на Србија (РТС) да ја информира јавноста за еколошките проблеми, јави дописникот на МИА од Белград.

Протестот, организиран од движењето „Еко стража“, има за цел да изврши притисок врз РТС да им овозможи на претставниците на еколошките организации да се обратат на јавноста во централната информативна програма – Дневник. „РТС има седум дена да го исполни барањето. Ако не го стори тоа, ќе ги искористиме сите правни средства против одговорните лица,“ најави „Еко стража“ пред протестот што се одржа во неделата.

Протестот се одржува под слоганот „Безбедноста е во бројки“, како знак на поддршка за граѓанските активисти кои беа приведени од страна на полицијата на протестите против ископувањето литиум во Србија, пред околу еден месец.

„Еко стража“ наведува дека полицијата привела пет нивни активисти, извршила претрес на нивните станови и им одзела мобилни телефони и компјутери. „Бараме да се спроведе дисциплинска постапка против обвинителите кои ги прекршиле човековите права на активистите, како и веднаш да им се вратат одземените лични помагала на приведените,“ истакнаа од „Еко стража“.

Можете да прочитате

Думани: Од 2020 година во Албанија е запленет имот вреден над 300 милиони евра стекнат преку перење пари

Турска компанија откри златно наоѓалиште вредно 1,7 милијарди долари

Хрка се разболи и имунитетот ѝ се влошува, но продолжува да штрајкува со глад веќе петти ден