Утрински Весник
Свет

Протест на 70.000 Чеси поради високите цени на струјата и бензинот, против владата и ЕУ

Протест на 70.000 Чеси поради високите цени на струјата и бензинот, против владата и ЕУ

Околу 70.000 луѓе протестираа денеска во Прага против чешката влада, Европската унија и НАТО алијансата, барајќи од владејачката коалиција да го спречи поскапувањето на енергенсите.

dobivaj vesti na viber

Организаторите на протестите, кои припаѓаат на екстремно десничарските и граничните политички партии како Комунистичката партија, рекоа дека Чешка треба да остане воено неутрална и да обезбеди директни договори со добавувачите на гас, вклучително и Русија.

Полицијата проценува дека до попладневните часови на протестот се собрале околу 70.000 луѓе.

„Целта на нашиот протест е да побараме промени, главно во однос на проблемот со цените на енергијата, особено струјата и гасот, кои ќе ја уништат нашата економија оваа есен“, изјави Јиржи Хавел, еден од коорганизаторите на протестот.

Протестот на плоштадот Вацлав во центарот на градот се одржа еден ден откако владата го преживеа гласањето за доверба по обвинувањата на опозицијата за неактивност против инфлацијата и зголемувањето на цените на енергијата.

Гласањето покажа дека енергетската криза во Европа ја зголемува политичката нестабилност, додека зголемените цени на енергијата ја поттикнуваат инфлацијата, која веќе е на нивоа што не се забележани во последните три децении.

Можете да прочитате

Супербактериите би можеле да убијат милиони луѓе до 2050 година

Следните разговори меѓу Русите и Украинците се закажани за во среда

Зеленски најави дека француски компании ќе почнат со производство на дронови во Украина