Утрински Весник
Македонија

Просветен инспектор вршел психичко насилство врз наставничка во училиште во Муртино

Skolo 620x330 1.png

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.З.(53) од село Добрејци, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „малтретирање во вршење на службата” по член 143  од Кривичниот законик.

Пријавениот, како државен просветен инспектор, на 15.10.2025, при вршење на инспекциски надзор во основно училиште „Маршал Тито” с.Муртино, струмичко, извршил психичко насилство на наставничка во училиштето на тој начин што ѝ вршел притисок да напише изјава како што тој сакал, а откако напишала изјава која не била според неговите насоки, одбил да ја прими и ја фрлил во ходникот.

Можете да прочитате

82 години Народен театар Битола, 12. Битола Шекспир фестивал

Констатирани 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ во изминатото деноноќие, уапсени 17 лица

Димитријевиќ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за Алта банка – СДСМ бара итна истрага!