Утрински Весник
Македонија

Просечната плата во ноември лани изнесувала 38.359 денари

пари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2023 година, изнесува 38.359 денари и во однос на ноември 2022 година, е зголемена за 16,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (23,8  проценти), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (22 проценти), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19.4 проценти).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот ( 8 проценти), Рударство и вадење на камен (5,9  проценти), Финансиски дејности и дејности на осигурување (4,6  проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2023 година, изнесува 57 609 денари.

Можете да прочитате

Групна тепачка во Тетово, две лица завршиле со убодни рани

Автомобил удрил во осумгодишно девојче во Гостивар

Штерјова: Нема чиста вода за граѓаните, нема струја, а Мицкоски и ВМРО за профит туркаат дата центри