Утрински Весник
Балкан

Просечната нето плата во Загреб е 1.513 евра

Evra.webp.webp

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен кај правните лица во градот Загреб за август годинава изнесува 1.513 евра, што е номинално за 0,5 отсто повеќе во однос на јули и за 13,3 отсто повеќе во однос на август лани.

Според податоците на Градската управа за економија, еколошка одржливост и стратешко планирање, највисока просечна месечна нето-плата кај правните лица за август е исплатена во индустријата за вадење сурова нафта и природен гас, во износ од 2.207 евра.

Најниска плата, пак, е исплатена во производството на кожа и сродни производи, во износ од 861 евро. Споредено со просечната месечна плата за август во Хрватска, која изнесува 1.324 евра, просечната загребска нето-плата исплатена за тој месец е за 189 евра повисока.

Можете да прочитате

ОН ѝ дава на Бугарија шест месеци да им овозможи на Македонците право на здружување

Турција планира целосна забрана за продажба на тутунски производи до 2040 година

Конститутивна седница на новиот словенечки парламент, најавени предизвици