Утрински Весник
Економија

Просечната нето плата во март 44 763 денари, во однос на лани повисока за 10.5 проценти

Denari Pari.jpg

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2025 година, изнесува 44 763 денари и во однос на истиот месец лани е повисока за 10.5 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 15.8 %, Рударство и вадење на камен за 14.1 % и Административни и помошни услужни дејности за 12.5 %.


Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 12.3 %, Уметност, забава и рекреација за 6.8 % и Преработувачка индустрија за 6.4 %.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2025 година изнесува 67 240 денари.

Можете да прочитате

СДСМ: Животниот стандард на граѓаните е урнат – 50% од вработените имаат плати до 36.000 денари

Бугарија влегува во трката за бакар, Македонија сè уште не го активира потенцијалот на Иловица

Азески во Брисел на дебата на највисоко ниво за проширување на ЕУ