Утрински Весник
Економија

Просечната нето-плата во февруари годинава е 46.159 денари

Denari Pari.jpg

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава изнесувала 46.159 денари и во однос на февруари минатата година е повисока за 7,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12,3 проценти, Рударство и вадење камен за 10,6 проценти и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 9,4 проценти.


Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство за 5,7 проценти, Други услужни дејности за 5 проценти и Уметност, забава и рекреација за 4,6 проценти.

Можете да прочитате

„Големи правила за мали бизниси: дали е време за поедноставно сметководство?” тркалезна маса по повод Меѓународниот ден на сметководството

Статистиката предупредува: Рударството бележи пад од 7,7%, потребен е нов пристап

Од полноќ големо намалување на цените на горивата