Утрински Весник
Свет

Проруски хакери ја блокираа веб-страницата на францускиот Сенат

Проруски хакери ја блокираа веб-страницата на францускиот Сенат

Веб-страницата на францускиот Сенат е недостапна поради блокадата за која се тврди дека ја извршила проруската хакерска група NoName. Во март таа група ја блокираше веб-страницата на Долниот дом на францускиот Парламент, Националното собрание.

dobivaj vesti na viber

„Пристапот до веб-страницата на Сенатот е прекинат од изутрината, нашиот тим е целосно мобилизиран за да ги отстрани дефектите“, соопшти Сенатот на Твитер без да даде дополнителни детали.

NoName ја презеде одговорноста со порака на Телеграм во која на руски и англиски јазик ја критикува поддршката на Франција за Украина.

„Во печатот прочитавме дека Франција работи со Украина на нов план за помош кој може да вклучува оружје, како и изјавите на министерката за надворешни работи Кетрин Колона“ и „ја блокиравме веб-страницата на францускиот Сенат“, се вели во пораката.

Веб-страницата на Долниот дом на Парламентот беше блокирана неколку часа на крајот на март. И тогаш групата NoName ја презеде одговорноста, а причината исто така беше поддршката на Франција за Украина.

Можете да прочитате

Македонец уапсен на железничка станица во Виена – баран за напад со нож при зделка со дрога

Ерупцијата на Етна предизвика штета од околу 24 милиони евра во туристичкиот сектор на Сицилија

Гренланд го запира нафтениот проект на Трамп