Утрински Весник
Спорт

„Пророкот“ Макрон: Франција победува, ќе ви го кажам и резултатот

„Пророкот“ Макрон: Франција победува, ќе ви го кажам и резултатот

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој неодамна прогнозираше дека Франција ќе ја победи Полска со 3:1 во осминафиналето на Светското фудбалско првенство во Катар, овојпат изјави дека Франција ќе ја победи Англија, во сабота во четвртфиналето, но не го прецизираше резултатот.

dobivaj vesti na viber

Како што јави француската онлајн телевизија, Макрон изјави дека не се сомнева во победата на француската фудбалска репрезентација, но дека подоцна ќе даде изјава за можниот резултат.

„Не се сомневам во фактот дека ќе победиме. Сè уште нема да го кажам резултатот, но мислам дека победуваме“, рече Макрон, кој му честиташе на тимот за победата над Полска.

Големиот фудбалски навивач Макрон вети дека ќе го објави резултатот „ден или два претходно“ кога ќе види кои француски играчи ќе се најдат во ростерот за натпреварот.

Францускиот претседател пред натпреварот против Полска го предвиде резултатот и кој ќе ги даде головите.

„Мислам дека ќе победиме со 3:1. Левандовски ќе постигне еден гол, како и Мбапе или можеби Жиру, кој сака да влезе во историјата“, рече тогаш Макрон, кој додаде дека третиот гол на Франција ќе биде „џокер“.

Тој џокер беше Мбапе, кој постигна два гола, Жиру постигна еден, додека Левандовски погоди за Полска.

Макрон потврди и дека ќе оди во Катар доколку Франција се пласира во полуфиналето на Светското првенство.

„Ако победиме, ќе одам за полуфиналето и финалео, како што ветив. Во 2018 година бев во Русија за да го гледам полуфиналето против Белгија (1:0), потоа финалето против Хрватска (4:2)“, рече Макрон.

Во сабота од 20 часот ќе играат Франција и Англија во четвртфиналето на Светското првенство.

Можете да прочитате

Влаховиќ ја разбуди „старата дама“

Алкалоид без проблеми ја преслуша Струга

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка