Утрински Весник
Свет

Проработи најголемиот активен вулкан во светот

Проработи најголемиот активен вулкан во светот

Американскиот геолошки институт денеска соопшти дека синоќа еруптирал вулканот Мауна Лоа на Хаваите, најголемиот активен вулкан во светот.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението за медиумите се прецизира дека во неделата вечерта започнала ерупцијата во калдерата, проширувањето на кратерот формиран на врвот на вулканот.

„Во овој момент, тековите на лава се ограничени на областа под врвот на вулканот и не ги загрозуваат населбите во базата“, се вели во соопштението, пренесе Ројтерс.

Геолошкиот институт на Хаваи објави дека хеликоптери ќе летаат над поширокото подрачје на ерупцијата за да ја анализираат ерупцијата и количината на ослободен чад и пепел,пренесе Ало.рс.

Можете да прочитате

Оружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети

Путин: Украинските дронови оштетија околу сто руски бродови

Калас: Обидот за напад со дрон во Германија има карактеристики на државно спонзориран тероризам