Утрински Весник
Спорт

Пропаѓа ли трансферот на Дембеле во ПСЖ?

Пропаѓа ли трансферот на Дембеле во ПСЖ?

Најскапиот фудбалер во историјата на Барселона, Французинот Oсман Дембеле, ја одбил профитабилната понуда од 100 милиони евра која му ја даде саудискиот клуб Ал-Хилал. Тој јасно ставил до знаење дека сака да игра само за еден клуб, ПСЖ.

dobivaj vesti na viber

Дембеле деновиве беше во Париз каде се надеваше дека ќе потпише договор и трансфер од Барселона за 50 милиони евра, но тоа не се случи.

Со денови чекаше Барселона и ПСЖ да се договорат, но Барселона ги игнорираше Французите.

Дембеле на крајот мораше да се врати во Барселона и повторно да се приклучи на тимот, а таму го пречекаа навивачи пред тренинг кампот. Го поздравија, но иронично. Сепак, преговорите меѓу ПСЖ и Барселона сѐ уште се во тек и се очекува трансферот на крајот да биде реализиран.

 

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026