Утрински Весник
Македонија

Пронајдено телото на 29-годишниот маж кај браната Глажња

Пронајдено  телото на 29-годишниот маж кај браната Глажња

Спасувачките тимови попладнево во вештачкото езеро Глажња во општина Липково го пронајдоа телото на 29- годишен локален жител по кого се трагаше неколку дена, потврди директорот на Центарот за управување со кризи за „Макфакс.“

dobivaj vesti na viber

Во потрагата на момчето кое минатата недела исчезна во водите на вештачкото езеро беа вклучени шест нуркачи од „Тигрите“, осум нуркачи од „Волците“ како и тимови и нуркари од ДЗС.

При потрагата асистираа и полицајци од СВР Куманово.

Можете да прочитате

Поднесено обвинение против шест лица за измами со брзи кредити

Тетовец со 2,49 промили алкохол и нож сакал да ограби казино

Обвинителство за „Тотал“: Предметниот јавен обвинител морал да изврши преквалификација поради наодот од супервештачењето, а со тоа настапи и апсолутна застареност