Утрински Весник
Македонија

Пронајдени три пушки, приведено едно лице

Пронајдени три пушки, приведено едно лице

Денеска (18.12..2022), во периодот од 04.00 до 08.00 часот, при акциска контрола во реоните каде се врши ловство, полициски службеници од Одделот за униформирана полиција констатирале две кривични дела по член 396 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Во 05.50 часот во село Зрновци, од слобода бил лишен В.Н.(59) од село Зрновци затоа што кај него биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Орозара“ калибар 16 со ремник и четири патрони калибар 16 и ловечка пушка „Бајкал“.

Во периодот од 06 до 07.00 часот, по судска наредба, бил извршен претрес во домот на Х.В.(24) од с.Митрашинци, беровско, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка „ИЖ-12“ калибар 16 мм и 33 патрони калибар 16 мм.

По целосно документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Пожар го затвори експресниот пат Штип – Кочани, сообраќајот во прекин

Скопјанец во Охрид со бензин испрскал момче од Кичево

Левица: ДПМНЕ ја распродава енергетската иднина на Македонија со дата-центар во Пехчево