Утрински Весник
Македонија

Пронајдени стари монети, приведено едно лице на „Табановце“

Пронајдени стари монети, приведено едно лице на „Табановце“

Полицијата го приведе З.Т.(53) од Скопје, откако при пасошка контрола било констатирано дека евидира на стоп листа од Регионалниот центар за гранични работи Југ.

dobivaj vesti na viber

Со судска наредба, во содејство со царински службеници бил извршен преглед во возилото „мерцедес“ со холандски национални ознаки, кое го управувал. Притоа, во возилото биле пронајдени и одземени 23 различни стари монети и 11.800 евра.

Лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела

До 18 часот осум активни пожари, три под контрола

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски